Промени тема
Контакт

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce-venko

Во ГАК во Чаир пуштен во употреба е целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Во денешната посета на болницата, министерот за здравство д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа инвестициите од страна на министерството за здравство, како и поддршката од страна на донаторите - Агенцијата ТИКА, Проект ХОПЕ и компанијата Алма М.

-Благодарение на целиот овој координиран систем на донација за надградба на оваа болница и инвестицијата од министерството за здравство, благодарение на лидерството на директорот д-р Исмаили, на целокупниот тим којшто тука работи, сега можеме слободно да кажеме дека во болницата во Чаир се целосно реновирани операционите сали, делот за интензивна нега, современ мониторинг за жените коишто се породуваат, целосно реновирани амбуланти со нова опрема и зголемување на степенот на квалитет којшто се дава во интензивната нега на новородените таканаречен втор-а степен со којшто се подигна нивото на опременост на оваа болница. Болницата е целосно гасифицирана, ги нема веќе оние црни чадови коишто го загадуваа воздухот тука во Скопје. - изјави министерот Филипче.

— реклама —
— реклама —

Во болницата ГАК во Чаир се раѓаат близу 4000 деца годишно кои учествуваат исто како и другите институции во намалувањето на новороденечката, раната неонатална и доенечката смртност. Во изминатите 4 години постигнавме многу значајни резултати и процентот на преживување на предвремено родените бебиња значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година која беше 25%, сега е 8,9%. Ова е резултат на инвестицијата во изминатите години во третманот на родилките и на бебињата. Ние сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување на вкупната смртност на предвреме родените бебиња и во споредба со 2016 година истата е преполовена.

— реклама —

-Искрено се надевам дека ќе продолжи по овој систем, да се инвестира таму кадешто е најпотребно, децата се секогаш онаму кадешто најмногу треба да се унапредува здравствената заштита. - потенцираше министерот Филипче во денешната изјава за медиуми по обиколката на болницата за ГАК во Чаир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања