Промени тема
Контакт

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитика до припадниците од православната вероисповед. Филипче во честитката порача дека Велигден како празник што ја симболизира победата на животот над смртта, носи силна порака - и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

„На сите верници од православната вероисповед им го честитам денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.

— реклама —

Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања - празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво - вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.

— реклама —

Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

— реклама —

Христос Воскресна, навистина Воскресна! За многу години Велигден“, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3h0ceat54uk06Qod26

(Видео) Илјадници верници пред Соборниот храм за Велигден

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Три пролетни цветови што, според обичаите, се внесуваат дома за Велигден: лале, крин и ѓурѓевак

Трендови | пред 5 месеци

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Велигденска порака од Сиљановска-Давкова: Светлината да надвладее над темнината

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrhd7i3kj8p45cVPIFqb

„Христос воскресе!“ – верниците го слават Велигден, празникот на победата на животот

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања