Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Владата ја изолира државата, премиерот во Давос остана без поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarybc37p8hegdd942f2iZf

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оцени дека меѓународната позиција на државата е сериозно нарушена и дека актуелната власт со своите политики ја води земјата кон целосна изолација. Според него, изостануваат какви било конкретни резултати на надворешен план, а настапот на премиерот на Светскиот економски форум во Давос бил јасен показател за тоа.

— реклама —

„Гледаме дека премиерот не можеше да обезбеди ниту еден состанок со ниту еден европски претставник на Форумот во Давос. Целосно маргинализиран, правеше селфија по ходниците, немаше ниту еден битен состанок“, изјави Филипче, алудирајќи на настапот на премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче нагласи дека ваквата состојба се рефлектира и во односите со клучните стратешки партнери на државата, особено со Соединетите Американски Држави, каде што, според него, нема видливи резултати ниту конкретна поддршка.

— реклама —

„Соединетите Американски Држави со децении се наш стратешки партнер. И покрај фалбите на власта дека сме во некаков ‘периметар’, видовме дека немаме никаков бенефит. Суштината е дека сме изолирани. Гледајте како САД нè ставаат по страна. Оваа влада нема покана за ‘Одборот за мир’, а претседателот Трамп и новата администрација имаат фокус на други земји во регионот“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека ваквата состојба е резултат на, како што ја нарече, свесна политика на изолација, преку соработка со авторитарни режими, внесување сомнителен капитал и, според него, гушење на демократијата и слободата на говор.

Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнила ниту ветувањата поврзани со подобрување на преговарачката рамка со Европската Унија, што, според него, дополнително ја потврдува тезата за намерно изолирање на државата.

— реклама —

„Со националистичка реторика и пропаганда дека сите се предавници, ветуваа подобра позиција со ЕУ. Што направија? Ја изолираа земјата. Сега гледаме дека премиерот не може ниту телефонски да ја добие претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Овие луѓе добро знаат дека пред неколку години со вувузели ја исвиркуваа токму неа. Треба да им биде јасно на граѓаните дека ова е смислено сценарио за изолација на државата“, истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања