Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-414213

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.

— реклама —

Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.

— реклама —

Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.

„Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени“, порача Филипче.

Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.

„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.

Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.

„Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 22 минути

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 5 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања