Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Филипче: Во регионот само Владата на Мицкоски нема вистински мерки за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1hasoalt55r84fBlLNB

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ние сме единствена земја во регионот, со влада  која што нема донесено директни мерки кон граѓаните, за да им помогне во оваа криза,  нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1. Филипче посочи дека владата и покрај енормниот раст на основните производи и енергенсите, не презема конкретни мерки за помош на граѓаните.

„Кога ќе преземе акција владата? Што треба да се случи, повеќе од 40% има зголемување на цените на горивата, од 10% поскапување на цената на основните прехранбени продукти леб, зејтин, цените на овошјето и зеленчукот и до 200% се зголемени,  брашно, шеќер се е поскапено во маркетите. Што треба повеќе да се случи.Со нецелосна мерка, со намалување само на ДДВ-то, граѓаните ништо не видоа. Повторно порасна цената на дизелот и на безоловниот бензин“, рече Филипче.

Во споредба со регионот, Филипче посочи дека другите држави веќе имаат конкретни мерки за поддршка на ранливите категории.

— реклама —

„Сите околни земји преземаа мерки. Хрватска донесе посебни мерки за луѓето кои што се приматели на социјална помош, кон земјоделците, рибарите итн. И ние сме единствена земја во регионот која што нема директни мерки кон граѓаните ниту ограничување на цената на горивата“, рече Филипче

Во интервјуто Филипче потсети на мерките што СДСМ ги спроведуваше во време на криза, со директна финансиска поддршка за граѓаните.

— реклама —

 „Ние спроведувавме мерки, пакети на мерки, директна финансиска помош за време на ковид кризата. Кога почна енергетската криза, кога почна војната во Украина, директна помош добиваа граѓаните, 90% од сметката за струја беше субвенционирана на 660.000 семејства, директна помош добиваа студенти, пензионери, луѓе со посебни потреби, луѓе од загрозени социјални слоеви во државата. Тоа се вистински мерки, што сега кажува владата? Ништо -гледаме, посматраме, ќе видиме што ќе се случи“, рече Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче нагласи дека СДСМ понуди конкретни решенија кои ќе дадат реален ефект за намалување на цените и заштита на стандардот на граѓаните, но владата не ги прифати.

„На време ги предложивме мерките, и тоа се  мерки со кои што навистина ќе се намалеше цената на горивата, притоа ако се воведеа на време немаше да пораснат цените на основните прехранбени продукти. Предложивме да се намали ДДВ-то на горивата на 5%, да се намали ДДВ-то на нула проценти за основните прехранбени производи, да се намали акцизата за 4 денари и да се преполови цената на патарините. Тие луѓе што патуваат знаат колкав трошок е тоа, ние имаме најскапи патарини во Европа. Ете таков пакет помош од граѓаните навистина почувствуваат дека владата нешто работи за нивно добро. Вака ништо“, нагласи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Македонија | пред 5 часа

media-library9c44rlr43ba6chtk2KF

(Видео) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Македонија | пред 5 часа

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Македонија | пред 2 дена

media-library6cp91qd83hkqboYNTeJ

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања