„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: Во Скопје 30% од граѓаните се вакцинирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик-претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски денеска извршија увид во завршени реконструктивни зафати на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ.

— реклама —

„Денеска сме тука за да одбележиме уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во нашата земја првенствено во интерес на нашите граѓани заради грижата за нивното здравје и заради нашите доктори, професори и другите здравствени работници. Во изминатиот период, додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со КОВИД-19, не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и грижата за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремената опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани“, истакна во својата изјава за медиумите претседателот на Владата Заев.

— реклама —

Премиерот Заев исто така додаде дека претходно на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) беше направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Дополнително се заменија и се надградија сите постојни инсталации за безбеден и непречен доток на медицински гасови, сигурна електрична и нова водоводна инсталација.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна ова е уште една во низата на реновирања на одделенијата на хируршките клиники во објект изграден 30-тите години од минатиот век и во кој повеќе од 70 години не е извршено никакво реновирање на просториите.

„Оваа клиника е позната по својата експертиза и искуство. Со години на ова одделение се лекуваат пациенти кои имаат малигни заболувања на коскениот систем, всушност и само тука тоа се прави. Реновирањето ги задоволува сите светски стандарди со новите апартмани за пациентите. Продолжуваме со реновирањето и на останатите делови на старите објекти се со цел задоволни пациенти“, додаде министерот Филипче.

Министерот додаде дека единствен спас од пандемијата е вакцината.

„Висок процент од новозаразените се невакцинирани, но има и вакцинирани, но со многу слаби симптоми“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антиваксинална кампања исто како и пред две години кога беше епидемијата со морбилите. Тогаш за нецели шест месеци се сузби епидемијата кога воведовме забрана да се примаат децата во училишта и градинки без примена вакцина. Секаде во регионот ги следиме трендовите“, вели тој.

Според министерот, вакцини има доволно, но потребна е имунизација на 80% од населението, за да се спречи ширење на вирусот. Од вчера почна и вакцинацијата на децаод 12 до 17 години и досега се имунизирани 500 адолесценти.

Комисијата за заразни болести вчера не препорача нови мерки за заштита од Ковид-19, но Филипче вели дека се размислува да се воведат ограничувања од септември или октомври. „Не може да страдаме зашто некој не сака да се вакцинира. Светот треба да се отвори, не можеме дома да седиме“, вели тој.

Директорот на Клиниката за ортопедија на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски потенцираше дека е од исклучително значење што докторите ја имаат максималната поддршка и од Владата и од министерот за здравство за сите свои потреби и дека со оваа реконструкција добиваме задоволни пациенти и задоволен медицински кадар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања