„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: За две години воведовме пет нови лека, за годинава обезбедени се вкупно 380 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
retki-bolesti-4

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се обрати на Регионалната конференција за ретките болести, која се одржува во Струга, во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

— реклама —

„Министерството за здравство особено е посветено на грижата за лицата со ретки болести. Во постојана комуникација и координација сме со здруженијата кои се вложуваат во оваа област и заеднички работиме за поквалитетен третман на ретките болести. Со Програмата за ретки болести овозможуваме континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести. За оваа година, обезбедени се вкупно 380 милиони денари, а само за споредба во 2017 година оваа Програма изнесуваше 214 милиони денари“, истакна министерот Филипче.

Министерот додаде дека минатата година се воведени 3 нови лека за ретки болести, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше, а годинава се воведуваат уште два нови лека.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања