Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, до надлежните институции да ги достави информациите и доказите со кои, како што наведува партијата, јавно изнел сомнежи за злоупотреби при набавката на хеликоптери и договор поврзан со поранешната министерка Славјанка Петровска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче во јавноста говорел за наводна разлика од 37 милиони евра во врска со договорот, поради што, според партијата, случајот треба да биде институционално испитан.

— реклама —

„Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека сериозните обвинувања за можна злоупотреба на јавни средства не треба да бидат дел од внатрепартиски пресметки, туку предмет на постапка пред надлежните институции.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните имаат право да добијат одговор кој ги носел одлуките, кој ги одобрил набавките и дали со нив бил оштетен државниот буџет.

— реклама —

Партијата го повикува Јавното обвинителство да го повика Филипче на информативен разговор и да ги побара информациите со кои располага, поврзани со случајот.

Од ВМРО-ДПМНЕ воедно се повикуваат на член 364 од Кривичниот законик, наведувајќи дека непријавувањето кривично дело или сторител под определени околности е казниво.

„Очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања