Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филиповска-Грашковска тврди дека до неа не е пристигната никаква петција за поддршка на директорот Пауновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
graskoska

Директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска во врска со најновите случувања во Државниот пазарен иснпекторат, каде директорот Стојко Пауновски не прифаќа да вработи 35 лица преку програмата К-5, а по што премиерот Зоран Заев најави дека тој ќе биде разрешен, објави МИА.

— реклама —

Вработените во ДПИ како поддршка на директорот Пауновски организираа петиција, која досега, како што велат, ја потпишале над 90 отсто од нив и најавуваат дека в понеделник ќе ја достават до Владата. Филиповска-Грашковска пак вели дека до неа не е пристигната никаква петиција за поддршка на директорот Пауновски. Таа појаснува дека вработувања преку Програмата К-5, нема да направат никаква промена во барањата што ги имаат доставено инспекциските служби согласно нивните годишни планови, ниту во ефикасноста на работењето на инспекторатите. Според неа, во годишните планови за 2021 како приоритни се вработувањата во Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Инспекторатот за животна средина, Државниот инспекторат за транспорт и Државниот комунален инспекторат. Според овие планови, на седница на Владтаа поминала одлука за одобрување на 104 нови вработувања во сите инспекциски служби во 2021 година, од кои 15 нови вработувања се предвидени за ДПИ.

Актуелно е несогласувањето на релација премиер и директор на Државниот пазарен инспекторат во врска со 35-те рамковни вработувања. Најавено е разрешување на Пауновски, не ги спроведува одлуките на Владата. На чело сте на Инспекцискиот совет, вработените на ДПИ в понеделник најавија врачување на петиција за поддршка на Пауновски, досега се потпишале над 90 отсто. Колку се оправдани најавите за негово разрешување и колку се оправдани забелешките на Пауновски?

— реклама —

-Согласно членот 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот. Така што директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата. До мене не е притистигната никаква петиција.

извор: МИА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања