Следува зајакнување на капацитетите на комуналните служби во општина
Аеродром. Сервисните улици по сите населби ќе се мијат со цистерни. Оваа механизација,
ќе придонесе и за почисти плочници меѓу зградите, платоата, тротоарите, како и другите
јавни површини, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за
градоначалник на општина Аеродром.
Филиповски при презентацијата на мерките за почист Аеродром, истакна дека е
планирана и изведба на станица за селекција и компосторање на органиски отпад. Како
што посочи, основната цел е отпадот до добие нова вредност и да се преработува.
Поголеми обврски ќе добијат и вработените по урбаните заедници, кои ќе бидат
поприсутни на терен и ќе вршат надзор на состојбата со јавната хигиена.
Во делот на заштита на животната средина, значаен проект е и затворањето на Усјанскиот
канал. Овој потег ќе прерасне во зелена, рекреативна зона која ќе можат да ја користат
сите граѓани.
- Општината редовно ќе иницира и еко – акции, каде што ќе биде вклучена
целокупната јавност: општинска администрација, училишта, градинки, малите
бизниси, заинтересираните граѓани, јавни личности и сите оние кои сакаат да
дадат конкретен придонес за почист Аеродром. Важно е да работиме и на
повисока јавна свест за нашите маала да бидат почисти, кажа Филиповски.
Кандидатот за градоначалник и тимот од советници продолжуваат и денеска со
секојдневните средби со граѓани. Тие ја презентираат програмата „Најдоброт за
Аеродром“, која нуди решавање на голем дел од проблемите на аеродромци.