Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Филиповски ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Изградба на повеќе паркови за миленици, поставување на наменски корпи за отпад, едукации за одговорно сопствеништво, бесплатно микрочипирање, вакцинација и стерилизација. Ова се дел од барањата кои сопствениците на миленици од Аеродром му ги пренесоа на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник за оваа општина на СДСМ и коалицијата.

— реклама —

На попладневната средба, присутните разговараа и за правилен и хуман третман на бездомните кучиња. Во повеќе населби низ општината можат да се забележат повеќе бездомни кучиња, кои во одредени случаи претставуваат закана и за граѓаните – минувачи. Оттука, очигледна е потребата од еден посистемски локален пристап за намалување на овој проблем. Тоа подразбира поголема соработка со ЈП „Лајка“, но и вклучување на организациите, неформалните групи и поединци во решавањето на проблемот со кучињата – скитници.

Филиповски истакна дека овој инклузивен пристап ќе биде дел од неговото работење, не само по ова прашање туку и при креирањето на другите локални политики.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања