Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филиповски: Ќе го затвориме Усјанскиот канал, а просторот ќе прерасне во нова рекреативна зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
A.Filipovski-press-29.09.2021-god.

„Заедно со градот Скопје предвидуваме конечно затворање на Усјанскиот канал. Сите знаеме дека тука со години несовесно се одложува отпад, а акциите за чистење реално не претставуваат трајно решение. Покрај затворањето, просторот целосно ќе се преуреди и ќе прерасне во нова рекреативна зона“, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, на вечерашната маалска средба со граѓаните на Лисиче, во близина на Усјанскиот канал, заедно со градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.

Граѓаните изразија поддршка за овој проект, затоа што конечно ќе се стави крај на непријатната миризба во овој дел од општината. Јавниот простор ќе добие нов лик и ќе се стави во функција на сите граѓани.

— реклама —

На маалската средба Филиповски ги истакна и другите проекти кои се предвидени во програмата на СДСМ за Лисиче.

— реклама —

Еден од главните проекти е реконструкцијата на градинката „Пчелка“, со што конечно ќе се подобрат условите за згрижување на најмладите.

— реклама —

- Предвидуваме обнова и на партерниот дел околу трговскиот центар. Таму ќе има и нови жардиниери, со околно зеленило. И овој јавен простор ќе биде побезбеден за движење на сите граѓани, но и ќе се подобрат условите за работа на малите локални бизниси. Исто така, ќе го уредиме и просторот зад паркот „Бановина“, кој сега претставува дива депонија, истакна Александар Филиповски.

Градоначалникот Петре Шилегов се осврна на клучните проекти кои се реализирани во Аеродром во изминатите четири години. Целосно е реконструиран булеварот „АСНОМ“, а направени се и неколку маалски паркови, нови дрвореди и нови вело – патеки. Исто така, во моментов завршува и изведбата на мостот од Аеродром до Саем, кој претставува сериозно инфраструктурно решение за овој дел од градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања