Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Филиповски: Ќе изградиме најмалку 20 километри нови вело – патеки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
A.Filipovski-press-30.09.2021-god.

Во претстојните четири години, ќе изградиме најмалку 20 километри нови вело – патеки по сервисните улици, кои ќе се надоврзуваат на велосипедските патеки во должина на булеварите. Дополнително, ќе продолжиме со субвенциите за купување на велосипеди, но и електрични тротинери, со цел поголема мобилност на нашите сограѓани“, посочи Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и

коалицијата, во денешната изјава за медиуми.

— реклама —

Филиповски истакна дека урбанизацијата придонела за создавање и на други проблеми, во делот на екологијата, недостатокот на паркинг места, предучилишното и основното образование.

- Затоа, при урбанистичкото планирање ќе имаме предвид за сите овие аспекти. Креирањето на подобра инфраструктура за возење на велосипед, значи и помал сообраќаен метеж, повеќе физичка активност и заштита на животната средина, истакна Филиповски.

— реклама —

Кандидатот за градоначалник посочи дека Аеродром ќе овозможи и „СПОРТ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА“. Тоа подразбира вклучување во спортските активности и на учениците со попреченост. Преку програмата „Спорт за развој“, ќе се овозможи сите ученици од основните училишта преку физичките активности да учат и на вредности, да бидат потолерантни граѓани, да работат во тим, да ги прифаќаат различностите и да се развиваат во одговорни жители кои придонесуваат во својата заедница.

— реклама —

Филиповски заедно со кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата денеска продолжува со средбите со граѓани, во реонот на Ново Лисиче, со цел презентација на програмата „Најдоброто за Аеродром“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања