Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Филиповски на „Утрински брифинг“: Хумана урбанизација и двојно повеќе зеленило во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
A.Filipovski-03.10.2021-god.-press

„Имам 14 годишно работно искуство во приватниот сектор и можам сето знаење да го искористам

за Аеродром, заедно со граѓаните да направиме почиста општина, повеќе паркови и спортско –

рекреативни зони“, посочи Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за општина

Аеродром, на своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Во изминативе години, во Аеродром беа реализирани и успешни проекти. Локалната самоуправа

подигна 6 нови паркови и целосно се реконструирани 15 детски игралишта. Сепак, Филиповски

истакна дека постои простор за поголем напредок и нови успешни проекти.

Запрашан во врска со урбанизацијата, како еден од најгорливите проблеми на национално ниво,

— реклама —

кандидатот на СДСМ посочи дека истата ќе се пренасочи кон периферните делови.

- По однос на урбанистичкото планирање, нема простор за грешка. Сега имаме и

Партиципативно тело кое е вклучено во носење на урбанистичките планови, а

— реклама —

инспекциските служби ќе вршат надзор и на законската одредба – 20% зеленило во рамки

на градежнаата парцела. Приватната сопственост ќе ја почитуваме, но нема да дозволиме

оттуѓување на државно земјиште и дехуманизација на јавниот простор, кажа Филиповски.

Тој посочи дека сериозно ќе се зголеми зеленилото, рамномерно по сите населби. Аеродром ќе

— реклама —

добие нов парк на 5.000 м2, од „авиончето“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“, а

предвидено е и садење на 5.000 висококвалитетни дрвја. Исто така, меѓу покапиталните проекти

се и изградбата на двете градинки во Мичурин и Ново Лисиче, како и зголемување на

капацитетите на ООУ „Блаже Конески“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања