Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Филиповски: Очекував повеќе почит и основно ниво на култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
A.Filipovski-press-30.09.2021-god.

Во рамки на интервјуто за „Press 24“, Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром истакна дека е разочаран од ниското ниво на култура и обидите за манипулација со граѓаните на опозицксата ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

- Искрено, очекував повисоко ниво за овој предизборен процес. Морам да кажам дека ми е многу мило што за првпат имаме повеќе кандидати, затоа што ова значи дека граѓаните можат да слушнат повеќе понуди. Секако, квалитетот на понудите е нешто на кое ќе треба дополнително да се работи. Мислам дека она што недостасува на политичката сцена е сериозниот пристап кон изработка на програмите, односно проекти кои се добро

— реклама —

осмислени, потребни, реални и изводливи, а не наменети да агитираат во предизборниот процес. На пример, од програмата на ДПМНЕ речиси сите проекти се невозможни или веќе реализирани. Плацевите на кои предвидуваат градинки и зелени површини, промовирани на бројните спотови, се или приватна сопственост или не се воопшто предвидени во деталните урбанистички планови. Да не се разбереме погрешно – јас не

— реклама —

велам дека тука не треба да има градинки или зелени површини, само велам дека е невозможно ова да се вети и е срамота да се манипулира со народот на овој начин. Истото се однесува и на паркинг местата – 3000 паркинг места се 12 катни гаражи. Ова е невозможно да се реализира и финансиски и во однос на локации – освен ако не сечемезелени површини.

— реклама —

Исто така, тоа што особено ме разочара е негативната кампања, која почна многу рано во кампањата. ВМРО-ДПМНЕ се осмели да го нападне моето семејство и компанијата која сме ја граделе со генерации и успешно се развива повеќе од 45 години. Компанија која ја вовлекоа во предизборна кампања, не размислувајќи ниту на повеќе од 100-те наши вработени и нивните семејства кои секојдневно стрепат следејќи ги дневните случувања. Навистина очекував повеќе почит и основно ниво на култура, вели во интервјуто Филиповски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања