Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филиповски од СДСМ ветува зеленило во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1632731976176

Изградба на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, реконструкција на градинката „Пчелка“, како и два затворени базени се меѓу капиталните проекти кои се дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Александар Филиповски.

Филиповски, во изјавата за медиуми посочи дека предвидува изградба и на младински центар, со цел да се овозможи простор за младите, за реализација на обуки, работилници, но и организирање на настани.

— реклама —

Во делот на основното образование, програмата предвидува и доградба на основното училиште „Блаже Конески“, нови сензорни соби за учениците со попреченост и еко – училници за секое училиште.

— реклама —

-Започнуваме и со целосна реорганизација на комуналните служби и поинтензивно одржување на зелените површини. Ќе направиме нови маалски паркови и игралишта во сите населби. Исто така, со изградба на три подземни, односно монтажни катни гаражи ќе обезбедиме повеќе загарантирани паркинг места за нашите жители, изјави кандидатот за градоначалник.

— реклама —

Во текот на кампањата, Александар Филиповски ќе оствари средби со граѓаните од сите населби, со претставници на граѓански организации, бизнис заедницата и други целни групи.

Основната цел е да се презентира изборната програма, но и дополнително да се мапираат теренските потреби и проблеми на граѓаните кои ќе се решаваат во претстојниот мандат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања