Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Филиповски: Популарната „дупка“ во Ново Лисиче ќе го задржи автентичниот изглед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Press-A.Filipovski-12.10.2021-god.

„Спортско – рекреативниот центар во Ново Лисиче, популарната „Дупка“ ќе го задржи својот автентичен изглед. Внатрешните простории беа обновени пред неколку години и како ново општинско раководство, ќе се грижиме за тековно одржување на овој спортски центар“, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

— реклама —

Инаку, ВМРО – ДПМНЕ и нивниот кандидат Тимчо Муцунски предвидуваат менување на изгледот на популарната „Дупка“, со што одат против интересите на локалното население.

— реклама —

Овој дел е белег на Ново Лисиче. Симбол на маалскиот живот и јавен простор кој ги поврзува сите генерации. „Дупка“ останува отворен простор. Нема да дозволиме никакво покривање или негово затворање, затоа што граѓаните го паметат и го сакаат овој рекреативен центар токму во ваква состојба, рече Филиповски.

— реклама —

На овој простор, во летниот период се организираат и културни настани. Кандидатот за градоначалник на СДСМ посочи дека уште повеќе ќр се користи овој центар, како за спортски турнири, театарски фестивали, така и за концерти, перформанси за млади и сл.

— реклама —

Вечерва, од 19:00 часот, СДСМ и коалицијата ќе организираат и граѓанси собир на „Дупка“, каде што граѓаните од Ново Лисиче и овој дел од општината, ќе можат да ги слушнат проектите за развој на населбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања