Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Филиповски со рози и едукативни пораки за жените во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
slika-01-1

Пред платото во Т.Ц. „Бисер“ вечерва се одржа акција за подигнување на јавната свест кај жените за борба против ракот на дојка. Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, Александар Филиповски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, д – р Александар Трајановски и потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче доделија рози и едукативни пораки на жените кои се движеа во овој дел

— реклама —

од општината.

— реклама —

Активноста е во рамки на Race for the cure, најголемиот настан во Европа посветен на здравјето на жените и подигнување на свеста за ракот на дојката. Присутните разменија и мислења за важноста од редовни прегледи, затоа што превенцијата е половина здравје. Александар Филиповски истакна дека сите треба да дадеме поддршка за поголема здравствена заштита на жените.

- Навиките се стекнуваат од рани години. Затоа во нашата програма имаме мерки и за поголема соработка на основните училишта со граѓанските организации и институциите. Преку прилагодени игри и активности може да придонесеме за подобро ментално здравје кај новите генерации, но и да бидат посвесни за потребата од водење на здрав и балансиран живот. Само со здрави навики и информираност може да ги спречиме болестите, истакна Филиповски.

— реклама —

Филипче ги истакна мерките кој ресорното министерство ги презема за заштита на жените од ракот на дојка.

— реклама —

- Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања