Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Филиповски вети нов објект за градинката „Пчелка“ во Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
slika-01

Градинката „Пчелка“ во населбата Лисиче ќе добие од темел нов лик. Енергетско – ефикасен објект, со нови занимални, опрема и дидактички материјали кои ќе обезбедат поквалитетно предучилишно образование за нашите најмили.

— реклама —

Ова е еден од главните проекти во мојата програма,  истакна Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на вечерашната маалска средба во населбата Лисиче.

— реклама —

  • За овозможување на подобри услови за раст и развој на децата, во нашиот Аеродром имаме повеќе проекти. Планираме и изведба на нови детски и спортски игралишта, со цел правилен физички развој на децата. Овие зони ќе имаат и инклузивни содржини, реквизити, со цел да бидат достапни и за лицата со попреченост, истакна Филиповски.

Граѓаните од овој дел на населбата особено се интересираа за реконструкција на плочникот, затоа што овој дел, кај трговскиот центар е една од пофреквентните зони.

  • Предвидуваме целосна реконструкција на плочникот. Покрај обновата на партерниот дел, додадена вредност ќе претставува и новото зеленило. Тука и хортикултурно ќе го уредиме јавниот простор, затоа што една од главните цели е на секој можен начин да го надоместуваме изгубеното зеленило, рече кандидатот за градоначалник на Аеродром.

На маалската средба учествуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче. Тој зборуваше за зголемувањето на платите во здравствениот сектор, но ги повика и сите граѓани да се вакцинираат.

  • Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет, рече Филипче.

Покрај за најмладите, СДСМ нуди програма и за највозрасните сограѓани, оние на кои им треба поддршка, со цел спокојни и мирни пензионерски денови.

  • Во моментов се завршува изградбата и на реонската амбуланта, со што и пристапот до здравствена заштита ќе биде подобар за сите лица. Планираме да воведеме и домашни посети во домот за постарите и изнемоштени лица. Нашите баби и дедовци нè израснале, а сега ние треба да им „вратиме“, да им се одолжиме. Ќе воспоставиме соработка со обучени лица – негователи, кои ќе вршат дневни посети и на повозрасните ќе им помагаат во домаќинството, ќе им купуваат продукти или ќе им вршат други работи, истакна Александар Филиповски.

Маалските средби продолжуваат и следните денови, со цел да се слушнат сите предлози на граѓаните и да се создаде уште поквалитетна понуда за општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања