Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Филиповски: За секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
A.Filipovski-03

Злоупотребата на јавниот простор станува минато, а за секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило. Фокусирани сме да обезбедиме и почисти населби, да направиме ре-организација на комуналните служби, а чистите улици и пешачки зони да бидат секојдневие. Ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, на маалската средба во Паркот на светлината.

Присутните граѓани се интересираа и за зеленилото околу зградите, важноста од негово одржување и правилно уредување на јавниот простор.

— реклама —

Филиповски кажа дека особен акцент ќе стави на маалските паркови. Истите се најблиску до граѓаните, најмногу ги користат и природно е во нив повеќе да се вложува.

— реклама —

Хуманизацијата на јавниот простор подразбира да креираме зони, маалски паркови по потребите на граѓаните. Покрај интензивното раззеленување, тие простори ќе добијат и содржини за децата, за младите и повозрасните, со што ќе се поттикне и маалскиот живот во населбите, посочи Филиповски.

— реклама —

Пред присутните граѓани се обрати и заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. Таа потсети на реализираните проекти на СДСМ во делот на зголемување на платите и реконструкцијата на 60 градинки низ целата држава. Лукаревска истакна дека како општество тешко се изборивме за слобода и сега не треба лесно да ја испуштиме.

На крајот од средбата Филиповски истакна дека постои позитивна атмосфера и енергија за победа на СДСМ во Аеродром. Но, опуштање не смее да има.

Подготвен сум да се видам со секој граѓанин, да зборуваме и за проблемите, дилемите, но и за новите решенија. Ветувам дека интензивната работа во оваа кампања, искрениот пристап и комуникацијата ќе ја задржам и во четиригодишниот мандат, заврши Филиповски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања