Филков: Криумчарењето на мигранти е сериозен предизвик, финансиските истраги и меѓународната соработка клучни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-libraryp3jqv8c8ms6qeY3Znti

Министерот за правда Игор Филков денеска учествуваше на настан посветен на новиот Пакет за миграција и азил, организиран од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот  истакна дека криумчарењето на мигранти е еден од најбрзо растечките облици на организиран криминал во светот – сериозен безбедносен и хуманитарен предизвик со кој ниту една држава не може да се справи сама.

Република Македонија ги има ратификувано сите релевантни меѓународни инструменти, вклучително и Протоколот на Обединетите нации против криумчарење на мигранти. Сепак, клучниот предизвик останува доследната примена на стандардите и зајакнувањето на меѓународната соработка.

— реклама —

,,На национално ниво, значајна е улогата на надлежните органи во откривањето, гонењето и пресудувањето на овој вид криминал. Неопходно е криумчарењето на мигранти да се третира преку инструменти карактеристични за борбата против организираниот криминал. Во тој контекст, пристапот „следи ги парите“, поддржан со ефикасна меѓународна соработка, е од суштинско значење, особено имајќи го предвид растечкото влијание на современите технологии врз начинот на извршување на овие кривични дела. Затоа, финансиските истраги насочени кон криминалната инфраструктура претставуваат клучен сегмент во борбата против овој феномен”, рече Филков.

Во таа насока, министерот информираше дека Министерството за правда активно работи на подготовка на нови системски закони, при што во новиот Кривичен законик и во работната верзија на Законот за кривичната постапка се инкорпорирани најновите меѓународни стандарди, особено во делот на финансиските истраги, процесните права и заштитата на жртвите.

Тој посочи и на зголемениот обем на меѓународна правна помош во последните години, при што во 2024 година биле заведени 46 предмети за кривичното дело „Криумчарење на мигранти“, а во 2025 година – 56 предмети, најчесто со европски држави, што ја потврдува интензивната меѓународна соработка во оваа област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања