Промени тема
Контакт

Финале на ,,Боксерски опен балкан куп" и Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid3

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.

— реклама —

Организатор на овој спортски настан е охридскиот Боксерски клуб „Алексо Огненовски“ со поддршка на Боксерскиот сојуз на Србија и Општина Охрид.

— реклама —

На свеченото отворање на натпреварот свое обраќање имаше градоначалникот, Кирил Пецаков.

— реклама —

По вторпат присуствуваме на спортскиот настан, посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалникот на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше и племенита и благородна душа. Нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на “Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охриѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски.

— реклама —

Упатувам искрени честитки до БК кој го носи неговото име, за вложениот напор за организација на ваков ревијален меѓународен натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид, рече градоначалникот Пецаков и упати покана до сите гости и учесници на настанот, да го искористат престојот во нашиот најголем туристички центар и да уживаат во природните и културните убавини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања