„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Финансиска поддршка за лицата со попреченост во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
karpos-2

Општина Карпош го одбележа 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Локалната самоуправа организираше настан за лицата со посебни потреби кои живеат на територија на Карпош, при што се доделија финансиски средства во форма на еднократна парична помош.

— реклама —

Градоначалникот Стефан Богоев ја акцентираше потребата од секојдневна и континуирана грижа за лицата со попреченост и нивно вклучување во сите сфери на живеење и работа.

— реклама —

- Нашата цел е 365 дена во годината да работиме на унапредување на статусот на лицата со попреченост. Оваа недела, ќе активираме уште една сензорна соба за учениците со посебни потреби, во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во Влае. Исто така, на минатата седница на Совет донесовме одлука за субвенционирање на локалите кои ќе вработуваат лица со посебни потреби. Потребна е системска и постојана поддршка, рече Богоев.

Општина Карпош продолжува да работи на зголемена инклузија на овие лица во секојдневието. За таа цел, минатата недела се објави и едукативен прирачник во форма на приказна за учениците со Даунов синдром, при што автор на сликовницата е мајка на ученичка со истиот синдром од деветто одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“.

Локалната самоуправа поставува и пристапни рампи пред детските градинки, училишта и објекти за домување, со цел да се олесни пристапот и мобилноста на лицата со попреченост.

Во знакот на еднаквоста и уривањето на бариерите, Карпош продолжува со сестрана грижа за сите свои сограѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања