Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Финансиската полиција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворила предистрага за „Фризерница“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lidija-dimova

Финансиската полиција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отворила предистрага за Националната агенција за европски образовни програми во врска со случајот „Фризерница“, објави „АлсатМ“.

-Детали не се откриваат поради тајноста на предистрагата. Од наша страна се преземаат мерки и активности согласно Законот за кривична постапка, велат од Управата за финансиска полиција.

— реклама —
— реклама —

Директорката на агенцијата, Лидија Димова на денешната прес конференција демантираше било какви неправилности во однос на делењето пари, а „Фризерница“ било само за замајување на јавноста.

— реклама —

И Европската комисија проверува дали има злоупотреби со европски пари во Агенцијата со која директорува Лидија Димова. Од Брисел велат дека секое нерегуларно трошење ќе треба да се врати назад во европската каса. Случајот ќе го проверува и ОЛАВ, европско тело за борба против измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања