Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Финскиот претседател: Време е Европа повторно да разговара со Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryq7o2707m595i3dsvL7r
screenshot x

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските земји да „се смират и да ја намалат тензијата“ поради стравувањата дека САД би можеле да го намалат военото присуство во Европа.

— реклама —

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Стуб изјави дека САД нема да го напуштат НАТО и покрај најавите за повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија.

„САД нема да се повлечат од Европа. Ако сакаат да ја проектираат својата моќ кон Блискиот Исток, Азија и Африка, мора да имаат силна основа овде“, рече Александар Стуб.

— реклама —

Тој оцени дека Европа правилно постапува со зголемувањето на трошоците за одбрана, но предупреди дека паничните пораки можат да ја ослабнат способноста за одвраќање на противниците.

— реклама —

Осврнувајќи се на безбедносната политика на Финска кон Русија, Стуб порача: „Ако ние можеме да се браниме, може и НАТО.“

Финскиот претседател исто така оцени дека е „време да се почне разговор со Русија“ и потврди дека меѓу европските лидери веќе се разговара кој би можел во иднина да воспостави контакт со Кремљ.

Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, го отфрли предлогот поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде европски посредник во евентуални мировни преговори за војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 19 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 20 часа

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања