Фирма блиска до Рашковски земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
raskovski-99

СДСМ молчат за скандалот со фирмата блиска до Рашковски која што земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла. Фирмата Алпима Градба од Струмица во 2019-та и 2020-та изнајмувала машини во Дрисла во износ од скоро еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Овој договор е склучен во четири очи веднаш штом Дрисла стана јавно претпријатие, без јасни критериуми. Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која има механизација која може да биде ангажирана на Дрисла, па морала да биде ангажирана компанија од Струмица, во сопственост на човек близок до Рашковски.

— реклама —

Ете како власт на заевизмот во екот на здравствената криза делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување на народни пари кој што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па се до депонии. За ваквите зделки мора да има одговорност од сите чинители, затоа што недомаќински се трошеле парите на народот“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања