Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Фирмата сопственик на ТВ Алфа се гони за затајување на данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

На сопственикот на националната телевизија Алфа, фирмата „АЛФА СКОП ДОО“, ќе ѝ се суди за даночно затајување. Скопски обвинител ја обвини фирмата дека го оштетила државниот буџет за приближно 100 илјади евра поради неплатен данок на добивка, објави prizma.mk. 

— реклама —

Информацијата за БИРН ја потврдија од Обвинителството.

„Постапувајќи по кривичната пријава против првото лице, надлежен јавен обвинител денеска (31.03) до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен предлог против едно правно лице за продолжено кривично дело – даночно затајување“.

— реклама —

На обвинението му претходеше кривична пријава што ја поднесе Финансиската полиција. Пријавени беа „АЛФА СКОП“ и управителката на фирмата, Србинката Симонида Кажиќ, која е сега директорка на Државната лотарија во Србија, а со телевизијата управуваше до 2016 година.

За поранешната новинарка, управителка на медиуми, а сега директорка на српската лотарија, постапката е прекината, бидејќи, како што рекоа од Обвинителството, „осомничената е недостапна“.

Во изјава за БИРН Србија, Кажиќ, лани во декември рече дека првпат слуша за пријавата и оти не верува дека во работењето на „АЛФА СКОП“ имало какви било злоупотреби.

Шац ја купи Алфа во јули 2017 година, како дел од пошироката акција на преземање медиуми во Македонија и во Словенија, што беше протолкувана како ширење на унгарското влијание и поддршка на десничарската политика на Никола Груевски и Јанез Јанша.

Текстот во целост на: prizma.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања