Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ФИТР со повик за доделување на награди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fitr

„Фондот за иновации и технолошки развој објави повик „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“ на кој вкупно 18.000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации. Наградите ФИТР ги организира во рамките на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја доби главната улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан. Проектот е финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија.

Овие награди ги вреднуваат, препознаваат и слават извонредните иницијативи фокусирани на младите од Западен Балкан, кои значително успеале да ги вклучат младите (15 – 29 години) во истражување и иновации помеѓу 2020 и 2024 година. Целта на наградите е да се потенцираат успешните приказни за истражување и развој фокусирани на младите од Западен Балкан и да се промовираат можности за учење и професионално усовршување во истражувањето и иновациите.

— реклама —

Повикот е наменет за сите правно-основани организации (микро претпријатија, мали и средни претпријатија, граѓански организации, училишта, универзитети или други субјекти) со седиште или фокусирани на земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора или Србија). На натпреварот, вкупно шест победници од регионот ќе добијат награда во вредност од 2.000 евра со сите платени трошоци за учество, една главна награда во вредност од 6.000 евра, регионално признание за влијателни иницијативи фокусирани на младите и шанса да ја инспирираат следната генерација иноватори.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 18 април 2025 година. Повеќе информации во врска со натпреварот можат да се добијат на следниот линк:

— реклама —

https://westernbalkans-infohub.eu/calls/policy-answers-call-for-participation-western-balkans-research-and-innovation-youth-awards/„ велат од ФИТР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

evra

Околу 60 компании злоупотребиле средства за фантомски проекти, долг од 3,2 милиони евра се уште не е вратен во државниот буџет, кажа директорот на Фондот за иновации

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања