Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Флик го најави Ел Класико и предупреди на опасноста од напаѓачите на Реал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Спорт
media-library750452722hd17tHzcWt
screenshot youtube

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со пофални зборови за Жозе Мурињо го најави претстојното Ел Класико, но предупреди дека неговиот тим го очекува исклучително тежок натпревар. Каталонците во недела од 21 часот ќе го пречекаат Реал Мадрид, а со победа би ја зголемиле предноста пред најголемиот ривал на девет бода.

— реклама —

„Ел Класико е поинаков натпревар. Мислам дека тоа е најдобриот натпревар што нашиот спорт може да го понуди во светот“, изјави Флик.

Германскиот стратег очекува Реал да настапи со голема самодоверба, особено поради индивидуалниот квалитет на неговите напаѓачи. Затоа бара од своите фудбалери да бидат внимателни и подготвени да одговорат на опасностите од противничкиот тим.

— реклама —

Флик изрази голема почит кон Мурињо, нагласувајќи дека неговите долгогодишни резултати се потврда за неговиот тренерски квалитет.

— реклама —

„Имам најголема можна почит кон него“, порача тренерот на Барселона.

Тој се потсети и на средбата со Мурињо во Мадрид, во периодот кога работел како помошник на Јоаким Лев во германската репрезентација. Според Флик, германските репрезентативци кои соработувале со португалскиот тренер секогаш зборувале за него со голема почит.

Барселона во дербито влегува по поразот од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, со кој беше прекината серијата од 11 победи од почетокот на сезоната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања