Вкупно 69.284 субјекти или близу 90 проценти од правните субјекти во сопственост на странски компании впишале физички лица во Регистарот на вистински сопственици, обелоденија неодамна од Владата, посочувајќи дека на тој начин се разбиваат комплексни и слоевити сопственички структури на нашите фирми, во функција на борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, објави ФОКУС.

Но, податоците што Фокус ги обезбеди од Централниот регистар, кој е надлежен за евидентирање на вистинските сопственици, покажуваат дека меѓу оние 10 отсто што не ја исполниле обврската за пријавување на вистински сопственик во предвидениот тримесечен бесплатен период е и фамозната „Ексико“, која беше најактуелна офшор фирма за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од најголем број правни лица во сопственост на странски субјекти, каде е наведен македонски или странски државјанин како вистински сопственик, во тековната состојба за вистински сопственик на „Ексико“ се наведува дека за ова правно лице „не се евидентирани податоци во Регистарот на вистински сопственици“.
Инаку, компаниите во сопственост на други странски компании, што не ја искористиле можноста да пријават вистински сопственик во рокот, ќе треба да платат глоба кон Централниот регистар, но и кон Управата за финансиско разузнавање, која има надлежност да врши контрола врз околу 6 илјади субјекти со обврска за идентификација на вистинските сопственици – банки, адвокати, сметководители…
Текстот во целост на: ФОКУС.