Промени тема
Контакт

„Фолксваген“ подготвува историско реструктуирање: до 100.000 откази и затворање на четири фабрики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B
Photo by Erik Mclean on Unsplash

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ разгледува план за најголемото реструктуирање во својата историја, кое би можело да опфати отпуштање на до 100.000 работници и затворање на четири фабрики во Германија.

Како што пренесуваат германските медиуми, Надзорниот одбор на компанијата неодамна одржал состанок во Волфсбург, но наместо конечна одлука, започнале преговори за обемните мерки што треба да ја подобрат профитабилноста на компанијата.

— реклама —

Извршниот директор Оливер Блуме изјави дека проблемот не е во побарувачката за возилата, туку во ниската заработка од секој продаден автомобил.

— реклама —

„Нашите производи се многу барани, но не заработуваме доволно од нив. Затоа мора дополнително да ги намалиме трошоците“, изјави Блуме за германскиот весник „Билд“.

Покрај отпуштањата, „Фолксваген“ размислува и за значително намалување на понудата на модели. Според неофицијалните информации, до половина од моделите на брендовите што се дел од групацијата – меѓу кои „Ауди“, „Шкода“, „Порше“, „СЕАТ“, „Купра“, „Ламборџини“ и „Бентли“ – би можеле постепено да бидат повлечени од производство.

— реклама —

Компанијата планира и намалување на бројот на достапни верзии и опции за преостанатите модели, со цел да ги намали трошоците и да се насочи кон најпрофитабилните возила.

„Фолксваген“ се соочува со силен притисок од кинеските производители на електрични автомобили, пад на профитните маржи и американските царини за увоз на автомобили. Дополнителен проблем е слабеењето на продажбата во Кина, која со години беше најважниот пазар за германската компанија.

Иако синдикатите се противат на предложените мерки, аналитичарите оценуваат дека компанијата ќе мора да спроведе подлабоки реформи, вклучувајќи поголема автоматизација на производството и дополнително намалување на трошоците, за да остане конкурентна на глобалниот автомобилски пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Фолксваген ги раскина речиси сите колективни договори, се зголемува ризикот од штрајкови

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Нова причина за загриженост во „Фолксваген“: И овој сектор губи позиции

Свет | пред 1 месец

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Синдикатите предупредуваат: „Фолксваген“ би можел да укине до 140.000 работни места

Свет | пред 1 месец

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања