Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази длабока загриженост поради новата ескалација на тензиите во Црното Море, откако товарен брод со украински и азербејџански членови на екипажот бил погоден од дрон во близина на романскиот брег.

— реклама —

„Длабоко сум вознемирена поради уште една руска ескалација во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, оценувајќи дека ваквите напади ги загрозуваат животите на цивилите и се спротивни на меѓународното право.

— реклама —

Според медиумските извештаи, товарниот брод „Хорив“, кој пловел под знамето на Коморските Острови, бил погоден од беспилотно летало, по што избувнал пожар. Еден член на екипажот загинал, а по тројца сè уште се трага.

Романското Министерство за внатрешни работи соопштило дека бродот е тешко оштетен, се превртел и постои непосредна опасност да потоне.

— реклама —

Податоците од платформата за следење на поморскиот сообраќај „MarineTraffic“ покажуваат дека бродот испловил од Турција на 21 октомври и се движел кон романското пристаниште Сулина.

— реклама —

Според доставените информации, во текот на месецов со дронови биле нападнати седум товарни бродови во близина на црноморските брегови на Романија и Бугарија, што ги засилило стравувањата дека војната во Украина би можела дополнително да ја загрози безбедноста на пловидбата во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 1 час

— реклама —
gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања