Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Фондот за здравство си купи две возила од 82 илјади евра, а матичните немаат добиено пари за март, деца се лекуваат со донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
collage-1

Матичниот доктор од Скопје, Ненад Лазаров, жестоко реагираше на веста дека двајцата директори на Фондот за здравство купија два автомобили од по 41.300 евра.

— реклама —

„Матичните лекари за Март немаат добиено пари, стоматолози исто, еден денар помош не добивме во цела криза, ниту еден денар, приватни коли искршивме од возење... Со смс се собираат пари за интервенции, пари за клексани оди рефундирај, ксарелто и други лекови све на приватно строго, ограбени се луѓето, ама за нови аута за директори мора да има! Нели ви е срам бе, нели ви е малку срам?“, напиша Лазаров.

— реклама —

Инаку, Фокус објави дека Фондот за здравствено осигурување пред неколку дена се подновил со две возила, за што биле издвоени 82.600 евра, или едно возило било набавено по цена од 41.300 евра.

Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, договорот за набавката бил склучен на 20 мај, помеѓу Друштво за производство, трговија и услуги МИ – ДА ГРАНД МОТОРС ДОО Скопје и двајцата директори на Фондот, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања