Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Формиран Градски еко совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет - Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.

“Започнуваме нова пракса во работата на Град Скопје. Овој Совет има за цел да ни помогне на нас скопјани со заеднички и насочени активности да создаваме подобри услови за живот во градот. Време е да се поставават основите за креирање системски решенија за проблемите на Скопје поврзани со екологијата. Преку овој Совет ќе се бориме и против урбанистичкиот хаос во градот, ќе се креираат конкретни политики и препораки кои со акциски план и конкретни временски рамки ќе се овозможи следење и контрола на исполнувањето на плановите во пракса“, изјави на состанокот градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

— реклама —
— реклама —

Градскиот еко совет ќе има цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина.

— реклама —

На Советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани. Притоа, прашањата кои ќе се третираат како и понудените решенија, треба да бидат реални и остварливи, а истите ќе бидат реализирани од релевантните Сектори во Градот Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања