Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Форумот на жени на СДСМ утре на протест во Охрид: Доста е молк, доста е неказнивост, доста е заштита на насилниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Македонија
media-libraryvb16vbkvgdmm767g1kR

По случајот со брутално претепаната 26-годишна Сара од Охрид, Форумот на жени на СДСМ најави протест за утре, 17 ноември, со почеток во 18 часот, пред зградата на СВР Охрид.

— реклама —

Од Форумот велат дека протестот е организиран во знак на поддршка на Сара и нејзините блиски, но и на сите жени кои се жртви на насилство. Воедно, упатија критики до институциите, обвинувајќи ги дека не постапуваат соодветно и дека ги штитат насилниците.

Тие ги повикаа и охриѓани да им се приклучат и заеднички да побараат крај на насилството, прикривањето и неказнивоста, како и утврдување одговорност без оглед на партиските, семејните и политичките врски.

— реклама —

„Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците“, порачуваат од Форумот на жени на СДСМ.

— реклама —

Од таму додаваат дека со протестот сакаат да испратат порака дека насилството врз жените не смее да помине без институционална реакција и одговорност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Осомничениот насилник кој ја претепа Сара имал 1,29 промили алкохол во крвта

Македонија | пред 35 минути

— реклама —
media-libraryhj6512ga0f1d7gmotCc

Савески најави обвинителска одлука за случајот со претепаната Сара од Охрид во текот на денот, не даде одговор дали постојат елементи за обид за убиство

Македонија | пред 2 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-0650PM

Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор: Судот му забрани да ѝ се приближува на претепаната Сара на помалку од 50 метри и му го одзема пасошот

Македонија | пред 2 часа

sud-ohrid

Ќе се проверува дали родителите на насилникот од Охрид пробале да влијаат со својата положба, за да добијат поповлен исход од постапката за претепаната девојка

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања