Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Фото) Голема пијавица снимена во Истра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarymgm84hse7lg9dnYpiYA
screenshot facebook

Кај хрватскиот град Умаг денеска се појави пијавица над морето, метеоролошки феномен што го привлече вниманието на граѓаните и туристите.

Вртложниот столб на воздух беше јасно видлив во близина на брегот, а снимката ја објави „Истрамет“.

— реклама —

„Кај Умаг моментално убаво врти“, напишаа од „Истрамет“ покрај видеото.

Пијавицата се создава кога вртложен столб на воздух се развива под олуен облак и се спушта кон морската површина. На море ваквите појави најчесто траат кратко, но можат да изгледаат многу драматично.

— реклама —
— реклама —

Метеоролозите посочуваат дека пијавиците не се ретка појава на Јадранот, особено во периоди на нестабилно време и развој на олујни облаци над топлото море.

— реклама —

Северниот Јадран, особено Истра и Кварнер, е едно од подрачјата каде вакви појави се регистрираат почесто поради наглите временски промени и влажниот воздух.

Иако најчесто траат само неколку минути, пијавиците можат да бидат опасни за помалите пловила ако се најдат во нивна близина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања