Во учебникот по природни науки за шесто одделение, се најде и илустрација на српски јазик. Децата од основно образование треба од неа да го научат водениот циклус односно кружното движење на водата. За ова реагираше родител, кој го објави учебникот јавно.
„Илустрација од учебникот природни науки за шесто одделение. Го негуваме македонскиот јазик. Техничка грешка што би рекол министерот. Абе само да се мрчело!“, напиша родителот.
Дел од термините во учебникот се: „Стварање водених талога (киша, снег)“, „Испаравање“, „Транспирација“, „Подземне воде“.

И ова не е првпат да има грешки во македонските учебници. Во учебник за математика стои „збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени“.
Во учебник за математика стои „збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени“, за Шаќири е техничка грешка, а не неписменост
Техничка е грешката во учебникот по математика за шесто одделение кој покажува дека збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени. Вака денес објасни министерот за образование Јетон Шаќири и рече дека побарал објаснување од авторите и рецензентите на учебникот за тоа како се случила техничката грешка.„Што се однесува за таа забелешка за предметот математика за шесто одделение, почитуваните автори имаат техничка грешка, без разлика што ако се гледа целосно задачата има и неколку р
Македонија | пред 2 години