Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ФОТО: Аеродром направи забава за децата, одамна немало волку насмевки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Nastan5

Во духот на новогодишните празници и празнувањето, Општина Аеродром пред платото на Capitol Mall, денеска организираше незаборавен хуманитарен настан, со цел преку песна и забава да се сподели предпразничната еуфорија со секого, а воедно преку донации да се помогне на социјално загрозени семејства.

„Имено, децата од предучилишна и училишна возраст од општината имаа можност да се веселат и радуваат на забавата проследена од магионичарски перформанс, најактуелниот детски анимиран лик во државата и познати македонски музички ѕвезди.

Водител на настанот беше Марко Новески, кој официјално го прогласи настанот за започнат со забавно празнично шоу со жонглирање и магионичарски трикови. Забавата продолжи со настап на познатиот детски лик Биби од образовната платформа „Светот на Биби“. Присутните имаа можност да се забавуваат со одличен избор на музика преку настапите на Панчо од ДНК, Таско и Лина Пејовска, а свој настап имаа и Sarah Mace and The Christmas Girls, кои со изведбата на а капела празнични песни, дополнително ја збогатија предновогодишната атмосфера во општината.

— реклама —

За време на хуманитарниот настан, сите присутни имаа можност со купување новогодишни честитки да донираат финансиски средства во кутијата за донации и да им помогнат на најранливите категории на жители во општината. Средствата собрани од настанот, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства од Општина Аеродром.

Дополнителна поддршка за оваа хуманитарна иницијатива дадоа и Бомбакис и Боемот.

— реклама —

Настанот беше организиран од страна на Општина Аеродром, а истиот беше поддржан од Capitol Mall, DoubleTree by Hilton Hotel и Ramstore“, велат од Аеродром.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања