Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас повторно привлече внимание, но овојпат не поради настапите на теренот, туку поради новата промена на имиџот.
Алкарас на својот профил на Инстаграм објави серија фотографии од последниот период, меѓу кои се најде и неговата нова фризура – плетенки. Со новиот изглед позираше пред огледало, а фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции од неговите следбеници.
Фановите масовно ги преплавија објавите со позитивни коментари, оценувајќи дека новата фризура одлично му прилега.
„Новата фризура ти стои совршено“, напиша еден од следбениците, додека друг додаде: „Со нетрпение чекам да те видам како играш со плетенки“.
Инаку, Алкарас и претходно знаеше да експериментира со својот стил, а неговите модни избори често привлекуваат внимание и надвор од тениските терени.