Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Фото) Апасиев си доби опомена од „Сејф сити“ за 51 километар на час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави дека добил опомена од системот „Сејф сити“ поради возење со 51 километар на час на делница каде дозволената брзина е 50 километри на час. Според неговата објава, прекршокот бил регистриран на клучката Хиподром во правец кон Ченто.

— реклама —

Апасиев, со саркастичен тон, напиша дека сам ќе ја „извади“ опомената на јавност, алудирајќи на настапите на премиерот во Собранието и нивните кавги, но и на, како што наведе, прекумерната контрола и бирократизација.

Во меѓувреме, од Министерството за внатрешни работи информираа дека по пробното пуштање во употреба на системот „Сејф сити“ е забележано намалување на бројот на регистрирани прекршоци. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека системот сè уште не е целосно усогласен со новите законски правила.

— реклама —

Тошковски појасни дека, согласно измените, во градска средина прекршок треба да се евидентира при надминување на брзината од 57 километри на час, наместо досегашната граница од 50 километри на час, но дека техничката адаптација на системот сè уште не е завршена. Поради тоа, дел од прекршоците, како што е и случајот со Апасиев, се регистрираат според старите параметри.

— реклама —

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе следи целосно усогласување на „Сејф сити“ со законските измени, по што системот ќе функционира согласно новите прагови за санкционирање, со цел поголема правна прецизност и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5q25i584j52afVcM07C

Апасиев отиде во Будимпешта, каде е и Груевски: „Работите излегоа од контрола“

Македонија | пред 4 дена

apasiev

Апасиев со критика за работата на Пошта: Трет ден не прима писма, адвокати пропуштаат рокови

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya6p7d0if6lb153QgI5N

Апасиев до претседателот на Уставниот суд: „Не ви е голема биографијата, туку стомакот“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Апасиев: Што се случи со договорот за една изборна единица?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања