Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ФОТО: Блесна пешачката патека кај насипот во Ѓорче, Стојкоски со вработените го решија проблемот со осветлувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-11-05-at-19.49.39

Откако беше исчистена од отпад, конечно проработеа и светлата на пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров. Од темно и небезбедно место, патеката го доби својот сјај и урбан лик. Градоначалникот Александар Стојкоски со вработените во комуналното одделение на општината најпрво ја исчистија патеката од високата вегетација, а сега, со вработените во Ѓорче Петров и ја осветлија. Ова доаѓа по само една недела откако ја презеде градоначалничката функција. Ова место, жителите го користат за спортување и рекреација.

— реклама —

„Благодарение на Иван и Борче кои посветено работеа на отстранување на проблемот, патеката блесна во сиот сјај. Патеката на насипот во Ѓорче ќе стане атрактивно место за рекреирање на моите сограѓани. Од стадионот "Македонски лавови " па се до граничењето со соседен Сарај ќе биде најубавото место во нашата општина.“, напиша Стојкоски на социјалните мрежи објавувајќи фотографии.

— реклама —

Во изминатиот период, ова место беше често предмет на критики. Жителите бараа да се среди и да се осветли патеката, бидејќи е едно од култните места каде тие го поминуваат слободното време. За осветлувањето, особено реагираа спортистите, кои сега можат да ја користат патеката и во вечерните часови.

„Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот! Екипите на Ѓорче се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место, бидејќи го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби. Целта ни е вие да сте задоволни од изгледот на пешачката патека, која треба и мора да биде функционално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваме слободното време, ќе муабетиме, ќе разменуваме идеи, ќе се рекреираме“, напиша Стојкоски претходно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања