Промени тема
Контакт

(ФОТО) Боки 13 се отвори пред јавноста: Овие слики се товар на судијките, Русковска, докторите, кој ќе го носат цел живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-04-22-at-12.34.18

Бојан Јовановски-Боки 13 објави фотографии од првото рочиште за случајот „Рекет“. Тој вели: „Овие слики ќе одбележат еден период од мојот живот за кој ќе зборувам описно и детално кога ќе дојде време. Многумина се радуваа кога ме видоа во оваква состојба, ликуваа, се потсмеваа, ме понижуваа, едноставно овие слики беа кулминација на малодушноста и злобата на поединците кој со сета сласт ги шеруваа и публикуваа овие слики со најгрозни коментари“.

— реклама —

Тој додава дека фотографиите се грозни, па објаснува: „Но единствено би сакал да знаете дека еден ден пред да почне судењето кај омилените и инструирани судии Васка Николовска-Масевска и Софче Гаврилова-Ефремова и пред овие слики бев буквално исфрлен, како куче скитник, од болницата 8-ми септември, со недовршена инфузија и канила на раката, по налог на директорот на болницата (другар на Заев), под наредба и закана директно од Русковска, наредба да бидам испуштен од болница во катастрофална здравствена состојба на судиите и чинителите од власта ( кој мислат дека се богови на земјата ). Токму оние судии кој по секоја цена мораа да ја извршат зададената задача, кршејќи ги сите законски норми и да ме осудат по секоја цена!!!“.

— реклама —
— реклама —

„Овие слики не се мој срам, овие слики се срам и товар кој погоре опишаните ќе си го носат додека се живи!!! Нека трепкаат овие слики и нека бидат синоним и приказ што значи вистинска тортура во 21 век!!! Денеска е Велики петок, најтажниот ден во христијанскиот свет, денот кога Исус бил мачен, камшикуван, осуден на смрт и распнат, последните негови зборови биле : "Господе, опрости им, оти не знаат што прават", а јас како скромен верник и христијанин ќе кажам, Господе, само твојот суд е вистински и суди им по твоја воља. Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“, пишува на профилот на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања