Александар Филиповски - Цанде, кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ денеска делеше „пакетчиња“ со програма и промо материјали на жителите. Во меѓувреме, користеше и прилика да каже што планира да прави во општината, ако освои мандат на локалните избори. Еден од проектите е картичка за попуст во Аеродром.

„Истата, ќе се користи во локалните продавници, во одредени периоди од неделата или денот. Аеродромци ќе пазаруваат по пониски цени, а придобивка ќе имаат и сопствениците на малите бизниси. Тие ќе имаат зголемен промет.
Утринава се среќавав со граѓани од ТЦ „Бисер“ и дуќанџии. Зборувавме за нашите решенија од програмата. Ви благодарам за убавиот прием и поддршка. #НашеМаало #НајдобротоЗаАеродром“, објави кандидатот.

Вчера во Аеродром имаше и митинг на СДСМ, каде се обратија челниците на партијата заедно со кандидатот.