Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ (48) е на Малдиви, а денеска на социјалните мрежи објави жешка фотографија.
Имено, Цеца позираше гола во када, додека околу неа имаше идилична сцена.
- Ви праќам големо срце! – напиша накратко музичката ѕвезда во описот на објавата.
Пејачката денеска објави и видео од плажа и им посака добро утро на своите следбеници на Инстаграм.
На плажата ја дочека изненадување, маса во вода, на која со црвени букви пишува „Цеца“.
