Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(ФОТО) „Чиста Преспа - Mоја Преспа" - ќе се расчистуваат депониите, ќе се уредуваат плажите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1

Со несекојдневна прес- конференција денеска започна кампањата ,,Чиста Преспа, моја Преспа“, на која беа соопштени активностите за расчистување на депониите, уредување на плажите, како и голем број активности за подигање на свеста кај населението и туристите

,,Водени од пораката ,,Да ја оставиме чиста Преспа за идните генерации бидејќи од нив ја позајмивме, а ја добивме од претходните, денеска на плажата Претор, започна најобемната кампања за чистење на Преспа. И не треба некој друг да почне, од сите нас зависи, секој нека тргне од својот двор, од својата улица, од своето маало. Само така ќе можеме да ја оствариме нашата цел- Чиста Преспа, моја Преспа”.- изјави градоначалникот на Oпштина Ресен Живко Гошаревски.

— реклама —

— реклама —

Нашите познати актери Игор Ангелов и Владимир Тулиев од денеска стануваат амбасадори на оваа кампања.

— реклама —

,,Не сум од Преспа, но имам потекло од тука, веднаш ја прифатив улогата да бидам амбасадор на една ваква кампања. Секој дел од нашата Македонија е убав, ајде на почеток да ја исчистиме Преспа!” - рече амбасадорот на кампањата Игор Ангелов.

Подигање на свеста кај населението и создавање на чиста Преспа, сево ова беше доволен повод во оваа кампања да се приклучат и голем број јавни личности како поддржувачи кои ќе бидат дел од големата кампањата за подигање на свеста кај населението и туристите.

Меѓу нив, Марјана Станојковска, Ирена Спировска, Божидар Божиновски, Таско, Бомбакис, Миро Кацаров, Елена Велевска, Татјана Алексиќ, Вера Мештеровиќ, Маја Тино, Бојан Велевски и многу други.

Она што следува во следниот месец е масовна кампања на чистење на Преспа и подигнување на јавната свест за еколошките предизвици. Општина Ресен има нови диви депонии, целта е на крајот на овој проект да зборуваме за почиста Преспа и за уредено крајбрежје, додаваат организаторите.

Сето ова ќе се спроведе преку еколошки акции за чистење на плажата Стење- Коњско, патеката и островот Голем град, плажата Претор, плажата Черти камен, приодниот парк Езерани, како и екоакции во Ресен за амфитеатарот, домот на културата и др. Ќе има чистење на дивите депонии Дрмени, село Љубојно, село Долно Дупени, село Сливница и други депонии.

Во активностите ни се приклучија скоро сите невладини организации за екологија, Нула Отпад и Пакомак кои ќе постават и дополнителни контејнери за селекција на отпадот.

Посебно значење за нас има Мониторинг станицата во Стење за вршење на анализи на квалитетот на водите во Преспанското Езеро и сливното подрачје, која е опремена со своја хемиска и биолошка лабораторија, и на располагање има еко-брод и чамец, а нејзините капацитети веќе се користат за одржување на обуки и работилници.

Сумирањето на резултатите е закажано за точно еден месец, изјави на крајот од оваа несекојдневна прес – конференција, градоначалникот на Oпштина Ресен, Живко Гошаревски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања