Семејството на 37-годишниот возач на автобус, кој вчера почина ненадејно на Стража бара помош во финансиски средства, но и играчки и облека за 3-годишниот син на возачот.
Донации можат да се остават во Соборниот хран св. Климент Охридски во Скопје, каде е поставена и кутија за парични средства кои се потребни на семејството.
Сите кои сакаат да помогнат, да му се јават на Часлав Величковиќ 070233473
На семејството од Ѓорче Петров најмногу му се потребни финансиски средства, но и играчки и облека за три годишниот Димитриј кој вчера засекогаш остана без својот татко како и останати донации се добредојдени.
Инаку и во Фејсбук групата „Православни вести и патувања“ беше објавено дека деновиве ќе се организираат самоиницијативно и ќе донираат за семејството.
Деталите за донацијата пред Соборната Црква како и денот дополнително ќе ги објават.
НАПОМЕНА: Групата „Православни вести и патувања“ има направено грешка, возачот има син, во продолжение еве го нивниот пост.
