Познатата манекенка Даниела Димитровска вчера го одржа црковното венчање со својот долгогодишен партнер, фудбалерот Јеврем Косниќ.
По објавувањето на веста, Даниела се огласи на социјалните мрежи и сподели емотивни моменти од церемонијата.
„Моето засекогаш да. 27.1.2026. Тивко, во мал круг. Скоро ќе славиме сите заедно“, напиша таа покрај снимката од венчавката.
За свечениот ден, Даниела избрала елегантна бела венчаница од сатен што ја дизајнирала Викторија Бекам, вредна околу 1.300 евра, која го истакна нејзиното витко тело. Иста ваква венчаница носела и самата Викторија кога со сопругот Дејвид била на прием кај принцот Чарлс.
Таа го комплетирала стајлингот со капут вреден 2.800 евра и елегантни бели чевли од 1.400 евра, претходно носени од светски ѕвезди како Лејди Гага и Кејти Пери.
Инаку, венчавката беше интимна, а парот планира наредната година голема свадбена прослава.