Промени тема
Контакт
Група Везилка Во коси да ти спијам, Компис : Grupa Vezilka Vo kosi da ti spijam, Afrika
Група Везилка Во коси да ти спијам, Компис : Grupa Vezilka Vo kosi da ti spijam, Afrika

(Фото) Додека државниот обвинител Коцевски го разрешуваат, тој отиде да се забавува на Златна Бубамара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
480329989_1171739687684159_1698307049884756695_n-1

Обвинителот Љупчо Коцевски, во ек на неговото разрешување, нашол време за забава. Додека од сите страни доаѓаат обвинувања на негова сметка, тој отиде да гледа Златна бубамара на популарноста, каде меѓу другото, низ сатира се прикажува и грдата реалност во Македонија.

Коцевски седеше во т.н. „вип ложа“ со повеќе политичари и директори од власта. Неколку редови над него седеа министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за култура Зоран Љутков, министерката за енергетика Соња Божиновска, министерката за образование Весна Јанеска, сопругата на премиерот Рози Мицкоска, директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

— реклама —

Ова не е првпат, Коцевски да си најде време за себе додека јавноста „врие“. Постојано се фали со транспарентност одбива да се појавува во јавност под изговор дека нема време. Со тоа, куп прашања на граѓаните за негови постапки, но и за работата на Обвинителството - останаа недоговорени.

— реклама —

Сега, Владата поднесе иницјатива за негово разрешување. По даденото мислење од Советот на јавни обвинители, иницијативата ќе треба да заврши пред пратениците. Бидејќи Собранието не е обврзано да одлучува по мислењето на Советот, па макар било и негативно, ќе почне постапката за негово разрешување.

— реклама —
kocevski-1

Републичкиот обвинител Коцевски си беше на „стенд-ап“ комедија, а нема време за прашањата на јавноста во време на куп акции

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, во изминатите 15 дена не најде простор да одговори на десетици прашања од јавноста со појавување во поткастот „Претрес“, но најде време да отиде на стенд-ап комедија. Во време кога правосудството трпи критики од јавноста поради ниската доверба, МВР и Финансиската полиција поднесуваат пријави за сериозни случаи, Коцевски во неделата ја искористил за да ги гледа стенд-ап комичарите Тино и Атанас.„Нѐ информираа дека државниот јавен обвинител е присутен. Може

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања