Промени тема
Контакт

(Фото) ДЗС со детали за автобусот на ЈСП кој се запали на Средно Водно: Во гаснењето учествувале 7 пожарникари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryi5ctc12ca05n7IZdfIw

Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно.

— реклама —

Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија детали за интервенцијата. Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.

— реклама —

Благодарение на брзата и присебна реакција на возачот, автобусот бил паркиран на соодветно место, со што било спречено ширење на пожарот кон околината и парк-шумата „Водно“.

Во инцидентот нема повредени лица, а пожарот не ја зафатил околната шума.

— реклама —

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека надлежните служби ги спроведуваат потребните проверки, по што треба да се утврди точната причина за избувнувањето на пожарот.

media-libraryc56s1v4s0g8udp80jYH

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно: го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација.Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.Откако го забележал проблемот, возачот реагирал навреме и го насочил автобусот кон безбедно место, подалеку од шумата, со цел да се избегне можноста пламенот да ја зафати вегетацијата на Водно.Густиот црн чад што се издига

Скопје | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 6 дена

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 6 дена

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања