(Фото) Елката со прозорчиња во Скопје: ја имало во Вилнус, па Крајова, и сега на Плоштад Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

Новогодишната елка со прозорчиња, која годинава го украси Плоштадот Македонија во Скопје, предизвика бројни реакции во јавноста – од воодушевување до шеги и споредби на социјалните мрежи. Но, зад визуелниот концепт стои приказна која не започнува ниту во Скопје, ниту во Романија, туку во срцето на Балтикот.

— реклама —

На социјалните мрежи веќе споредби со слична елка од романскиот град Крајова, која во 2023 година привлече големо внимание во европските медиуми. Крајова, сместена на околу шест часа возење од Скопје, последниве години се етаблира како една од најатрактивните божиќни дестинации во Европа и го освои второто место на листата „European Best Destinations“ за најубави божиќни пазари во 2025 година.

— реклама —
media-library3el800jv3ubnbgtaZAT

Градот е познат по раскошните празнични декорации, огромните елки, тематските паркови, лизгалишта, панорамски тркала и бајковити куќички осветлени со илјадници светилки. Токму таму, во 2023 година, беше поставена елка со прозорчиња која денес најчесто се споредува со скопската.

— реклама —

Сепак, и Крајова не е оригиналниот извор на оваа идеја. Концептот води потекло од Вилнус, главниот град на Литванија, каде уште во 2015 година на Катедралниот плоштад беше поставена импресивна и денес веќе легендарна новогодишна елка со сличен дизајн. Таа елка важи за една од најкреативните празнични инсталации во Европа и често се наведува како инспирација за подоцнежни проекти низ континентот.

media-library1vfauvapj6koeoI1jDj

Пред два дена елка со ист концепт беше поставена и на скопскиот плоштад. Во текот на вчерашниот ден беше и надградувана.

media-libraryfg4t6d9mvrt08lUf6II

На социјалните мрежи има и шеги.

media-libraryq5r446a0h1q338b5XHo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

За новогодишно китење, општините платиле 785.000 евра, најголем „трошаџија” Општина Штип

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Скопје | пред 1 месец

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Македонија | пред 1 месец

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања